Америка ја нападна Швајцарија, една од најбогатите земји во Европа и е подготвена да ја прогласи за манипулатор со валутата, пишува Блумберг.

Блумберг се повикува на најголемата швајцарска компанија за финансиски холдинг, УБС Груп.

Швајцарија ги исполнува сите три критериуми потребни за вклучување во списокот на САД за валутни манипулатори, пишува агенцијата. Владата има позитивен биланс на тековната сметка и билатерален трговски суфицит. Покрај тоа, Швајцарија користи девизни интервенции, купува долари за да не дозволи посилно зајакнување на швајцарскиот франк.

Државата мора да прибегне кон девизни интервенции, бидејќи побарувачката за швајцарска валута расте за време на кризата. Инвеститорите традиционално го сметаат франкот за засолниште за инвестиции во период на нестабилност во светската економија.

Вашингтон се грижи дека швајцарските власти вештачки ја ослабуваат сопствената валута за сметка на купувањето долари, обидувајќи се да обезбедат бенефиции за извоз на локалните производители. Швајцарската страна ги отфрла овие обвинувања, пренесува Спутник.

На почетокот на 2020 година, САД веќе ја вклучија Швајцарија во листата на земји под опсервација кои според мислењето на Вашингтон манипулираат со девизниот курс. Одлуката е донесена заради рекордното јакнење на швајцарскиот франк во однос на еврото во последните три години, објави Ројтерс.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк