Американската банка Велс Фарго соопшти дека ќе го намали бројот на вработени за пет до 10 отсто во наредните три години, во рамки на планот за реструктуирање.

Четвртата по големина американска банка заклучно до 30 јуни годинава имала околу 264,5 илјади вработени, што значи дека намалувањето на работната сила од 10 отсто претставува гаснење на над 26 илјади работни места.

Од банката соопштија дека најновото намалување на бројот на вработени, освен отпуштања ќе опфати и природен одлив на кадар. Овие редукции на работна сила би требало да и помогнат на финансиската институција да го оствари планираното намалување на трошоците за четири милијарди долари до 2020 година, во рамките на напорите да се поттикне раст на профитот и да се опорави од низа скандали.

Банката во август отпушти 600 вработени во својот хипотекарен оддел кој се соочи со тешкотии при работењето.