Економскиот раст на САД во третиот квартал побрз од првичната проценка.

Во третиот квартал од оваа година американската економија оствари годишен раст од 5,2%, објави Министерството за трговија. Според првичната проценка, растот беше 4,9 отсто.

Во вториот квартал годишниот раст е 2,1 отсто.

Нагорната корекција во третиот квартал беше поддржана од јавната потрошувачка на федерално, државно и локално ниво, кои пораснаа за 5,5 отсто во третиот квартал.

Ревидиран е растот на потрошувачката од четири на 3,6 проценти.

Корпоративниот профит се зголеми за 4,3 отсто во третиот квартал, по 0,8 отсто во вториот.

Министерството за трговија, исто така, малку ја ревидираше годишната стапка на базичната инфлација, исклучувајќи ги цените на енергијата и храната, се намали од 2,4 проценти на 2,3 проценти во извештајот.