Американската економија бележи годишна стапка на раст од 6,4 проценти во првиот квартал, покажуваат податоците на Министерството за трговија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Овој раст е во согласност со претходните очекувања на пазарот, додека реалниот Бруто домашен производ (БДП) порасна за 4,3 проценти во четвртиот квартал на 2020 година.

Сепак, најголемата светска економија падна за 3,5 проценти во 2020 година, најголем пад од 1946 година.

БДП, заснован на сегашниот американски долар, се зголеми во првиот квартал за 566,8 милијарди долари на 22,06 трилиони долари.

„Нагорните ревизии на не-станбени фиксни инвестиции, приватниот инвентар и извозните инвестиции беа неутрализирани со нагорна ревизија на увозот“, се вели во соопштението на Министерството за трговија на САД.