Состанокот помеѓу Доналд Трамп и претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер во јули е главен фактор кој придонесува за зголемување на увозот на соја во ЕУ

Американската соя завладява европейските пазари

САД ги престигнаа Бразил како најголем снабдувач на соја на пазарот на Европската унија (ЕУ), откако во јули беше склучен договор за спречување на трговска војна меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, кој ги отвори пошироко европските пазари за голем број американски производи јавува Euractiv.

Од јули до средината на септември, сојата од САД успеа да се избори за 52% од вкупниот увоз на овој производ во ЕУ, што значи зголемување за 133% во споредба со истиот период минатата година.

Во исто време, увозот од Бразил опадна на 40% во вкупното учество, што значи САД го истискува Бразил од овој стратешки ресурс од европската мапа.