Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека американскиот министер за финансии Стивен Менучин наскоро ќе отпатува во Кина на разговори. На овој начин двете глобални економски сили ќе ги разгледаат трговските несогласувања.

 

 

На заедничка прес-конференција во Белата куќа со францускиот претседател Емануаел Макрон, Трамп рече дека Менучин „за неколку дена ќе отпатува во Кина на преговори за трговијата“. Тој додаде дека САД и Кина се „многу сериозни“ и ги повтори своите планови за воведување дополнителни такси на увозна кинеска стока во вредност до 100 милијарди долари