Уште на почетокот на финансиската криза големите американски и европски банки биле подложени на парични казни, казни и вонсудски спогодби, покажува истражувањето на „Boston Consulting Group“ (BCG).

Според анализата на финансиските гиганти биле принудени да исплатат 345 милијарди долари меѓу 2009-та година и 2017-та година, пишува француското економско издание „Les Echos“. Оваа сума најверојатно е пониска од реалната, бидејќи „BCG“ ги предвид само трошоците над 50 милиони долари на 50-те најголеми банки во светот.

Износот на платени парични казни опадна во 2017-та година со „едвај“ 22 милијарди долари. Истата година, американските банки генерираа профит од 47 милијарди долари.

Најголемите казни се платени од страна на банките во Северна Америка со вкупна сума од 220 милијарди долари во разгледуваниот период, а максимумот е достигнат меѓу 2012-та и 2014-та година. Во средината на 2014-та година „Citigroup“ мораше да плати казна од 7 милијарди долари за својата улога во хипотекарната криза. Две години подоцна парична казна со иста основа била наметната и на „Goldman Sachs“, која платила 5 милијарди долари.

Европските банки платиле една третина од наметнатите казни меѓу 2009-та и 2017-та година со вкупна сума од 125 милијарди долари, а тие биле исплатени главно на американските банкарски регулатори. „BNP Paribas“ мораше да плати близу 9 милијарди долари за кршење на ембаргото, а „Deutsche Bank“ исто така не беше поштедена со парична казна од 7,2 милијарди долари за нејзината улога во хипотекарната криза.

Американските власти им наложија парични казни и казни на најголемите банки во светот. Во периодот 2009-2017-та година, тие добија скоро 200 милијарди долари или 55% од вкупната сума. Другите главни победници се потрошувачите кои добија компензација од 133 милијарди долари во истиот период. Европските регулатори беа најрезервирани со само 22 милијарди долари од 2009-та година, или само 6% од вкупниот износ.

Едно можно објаснување е дека до 2014-та година европските банкарски регулатори делуваа целосно хаотично. Европската централна банка (ЕЦБ) потоа ја презеде улогата на единствен контролен орган. Една од целите на промената беше да се прекине во некои случаи многу блиската национална врска меѓу банките и контролните власти.

Може ли да се каже дека бранот на парични казни остана во минатото? Тешко е да се одговори на ова прашање.

„Факт е дека од година во година казните стануваат севкупна форма на трошоци во индустријата. Но, некои банки ги избегнуваат целосно, а други трпат видливи последици од нив во сметките“, вели Гуенаел Ле Булеј, директор на „BCG“.

Компанијата смета дека секој ден се објавуваат во просек 200 нови регулативи поврзани со транспарентноста на пазарите (MiFID 2) или со заштитата на личните податоци на корисниците. „Со развојот на улогата и специјализираните европски регулатори, банките ќе бидат изведени пред сé поголем притисок врз постапките за контрола и усогласување со правилата“, истакнуваат авторите на извештајот.