Oil-and-Gas-Well-Drilling-BusinessЦените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 53 долари за барел по објавувањето на податоците од американската нафтената индустрија кои покажаа ново рекордно високо ниво на залихи кај најголемиот потрошувач во светот.

На лондонската берза цената на барел нафта падна за 62 центи во однос на предходното затворање, на 52,89 долари. На американскиот пазар се тргуваше за 1,25 долари пониска цена, од 42,21 долари.

Фокусот на пазарот е свртен кон најновиот извештај на Американскиот институт за нафта (API), кој покажа нов скок на залихите на суровата нафта минатата недела за 10,5 милиони барели, со тоа вкупните залихи се искачија на 450 милиони барели. Со тоа се продолжува серијата на рекорди десеттата недела по ред.

Трговците, исто така, со внимание ќе ја следат тековната сесија на Банката на федерални резерви ФЕД, кои ќе бидат следните потези на ФЕД кон монетарната политика, вклучувајќи ги и каматните стапки.

“Доколку повторно дојде до одложување за зголемување на клучните каматни стапки, доларот веројатно ќе ослабне, но само на краток рок”, наведуваат аналитичарите на сингапурскиот Phillip Futures.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) на својата веб страница објави дека цената на барел сурова нафта во вторникот изнесуваше 48,76 долари, што значи дека паднала за 60 центи во однос на претходниот трговски ден.