Според финансиската компанија Номура и некои аналитичари од Вол Стрит, на доларот „црно му се пишува“.

Со финансиските турбуленции кон крајот на март, кога сите копнееја за ликвидност, американската валута беше голем победник но ја загуби вредноста во последно време заради неефикасното управување со здравствената криза на Трамп.

Бидејќи епидемијата во САД не запира – земјата има 72.000 нови инфекции на ден (барем двојно повеќе од крајот на јуни), доларот се очекува да продолжи да ја губи вредноста.

Сè повеќе американски држави го одложуваат отворањето на економијата или повторно воведуваат рестриктивни мерки, а тоа сигурно нема да има добар ефект врз просечниот американски потрошувач. Индексот на доверба на потрошувачите на Универзитетот во Мичиген веќе падна во јуни (од 78,1 на 73,2 поени).

До крајот на јули, специјалните државни погодности и олеснувања ќе завршат и за многу Американци кои добиваа по 600 долари неделно за време на епидемијата.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк