Дел од општините на годишно ниво ги зголемиле а дел ги намалиле долговите на годишно ниво. Во некои општини долговите на Јавните претпријатија се поголеми од општинските долгови, пишува Порталб.мк. Еве кои општини колку должат:

Општина Тетово според висината на доспеаните а неплатени обврски заклучно со декември лани е најзадолжена локална самоуправа со износ од 13,6 милиони евра. Во однос на 2021 та податоците покажуваат раст на доспеаните обврски за 100.000 евра. Во првите 20 најзадолжени е и ЈКП “Тетово” со долг од скоро 5,5 милион евра. На новата должничка листа се и основни училишта под ингеренција на локалната власт чии долгови се движат од 113 000 евра па надоле а долгови имаат и средни училишта на територијата на оваа општина.  Доспеани обврски во износ од 55 800 евра пријавило ЈП Градски паркинг Тетово.

 

                                                      Доспеани долгови

                                                2022 година                                         2021 година

 

Општина Тетово                    13,6 мил.е                                            13,5 мил.е

Општина Гостивар                  7,8 мил.е                                               5,9 мил.е

 

Општина Струга                       2,6 мил.е                                               3,4 мил.е

Општина Кичево                      1,3 мил.е                                               1,8 мил.е                                 

Општина Гостивар ланската година ја завршила со долг од 7,8 милион евра поради што оваа општина е во првите 20 најзадолжени на листата. Доспеани а неплатени обврски во износ од 3,5 милион евра пријавило и ЈП за комунални дејности Комуналец Ц.О. Гостивар. На територијата на оваа општина Општата болница е на трето место според износот на долг од 393 000 евра. Долг од 65 500 евра има и ЈП за јавни паркиралишта и зеленило Гостивар  а ЈП за стопанисување со спортска сала Риниа пријавило долг од 6 300 евра. Доспеани а неплатени обврски имаат и неколку основни и средни училишта.

Со доспеани а неплатени обврски во износ од речиси 2,6 милион евра е општина Струга. На крајот на декември лани и ЈП Водовод и канализација Струга пријавиле долг во износ од 3,4 милион евра што го вбројува ова јавно претпријатие на високото 25 то место на новата должничка листа. На територијата на општина Струга со долг од 1,4 милион евра е Општа болница Струга, Завод за нефрологија-Струга со близу 1 милион евра како и ЈП Комунално Струга со долг од 736 600 евра. Доспеани а неплатени обврски пријавиле и струшките основни училиштаосновниот суд како и  НУ Манифестација “Струшки вечери на поезијата”.

На територијата на општина Кичево, најзадолжена е Општа болница Кичево која на крајот на декември лани пријавила доспеани а неплатени обврски во износ од 14 милиони евра, што ја сместува во првите 10 најзадолжени институции на ниво на државата.  Милионски долг има уште една здравствена институција, Здравствен дом Кичево со пријавени неплатени обврски во износ од 2,4 милион евра. Самата локална самоуправа, општина Кичево на новата должничка листа се наоѓа во први 100 најзадолжени со износ од скоро 1,3 милион евра. Доспеани а неплатени обврски пријавиле и ЈП Комуналец Гостивар како и основни и средни училишта.

Анализата на податоците за долговите на овие четири општини покажува дека две од нив лани во споредба со 2021 та го зголемиле долгот, Тетово за 100.000 евра и Гостивар за скоро 2 милиони евра, додека општините Кичево и Струга според податоците имаат намалување на доспеаните а неплатени обврски.

Од останатите општини, позначаен долг во износ од  скоро 1,5 милион евра има општина Сарај, потоа 1,2 милион евра пријавила општина Дебар како и општина Липково со долгови во износ од скоро 1,1 милион евра.  Обврски од речиси 18 000 евра има и ЈКП Пиша – Липково како и основните училишта на територијата на оваа општина.

На должничката листа се и општина Боговиње со обврски во износ од 525 000 евра, скопски Чаир има долг од скоро 1,4 милион евра, општина Арачиново 834 000 евра а општина Теарце на крајот на декември лани имала доспеани а неплатени сметки во износ од 500 000 евра.