Парафискалните давачки за компаниите претставуваат двојно поголем трошок на годишно ниво отколку сите тековни даночни обврски, вели во своето денешно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат, Александра Андреева од Сојузот на стопански комори. Како што појаснува таа, станува збор за давачки коишто се непознати за сопствениците на компанијата и коишто не може да се предвидат за време на подготовка на бизнис планот.

„Овие давачки се терет и кога немаме економска криза, а уште повеќе сега. За секое барање за некаква дозвола или уверение од институциите плаќаме такса, иако претходно сме платиле секакви други даноци. Плаќаме периодични здравствени прегледи иако плаќаме здравствено осигурување…кога пуштаме објект во дејност, иако исполнил условии изработени се елаборати, платени се сите давачки, повторно треба да платиме за воведување струја, вода или друго…“, вели Андреева.