Јапонската влада ќе ги прошири индивидуалните и санкциите во однос на извозот од Русија, изјави премиерот Фумио Кишида на самитот на Г7 во Германија, пренесе јапонскиот јавен сервис NHK.

Според извештајот, Јапонија има намера да ги замрзне имотите на 70 руски физички и правни лица поради ситуацијата во Украина и да воведе дополнителни санкции поврзани со извозот за уште 90 руски организации за кои официјален Токио смета дека имаат врски со одбранбената индустрија.

Новиот пакет мерки ќе ги забрани и сметководствените и доверливите услуги за Русија и увозот на руско злато, како што претходно најавија од Велика Британија.

Јапонските власти досега воведоа неколку пакети санкции против Русија, на списокот со повеќе од 700 руски државјани. На црната листа се и Белорусија и самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, како и над 200 руски и белоруски компании.