Јапонската економија се стабилизираше во последните три месеци од 2022 година благодарение на малото закрепнување на трошоците на домаќинствата што го ублажи влијанието на забавувањето на извозот, покажаа денеска објавените владини податоци.

Јапонскиот БДП порасна во вториот фискален квартал за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал, кога се намали за 0,3 отсто, објави Владата.

Ануализираната стапка, која покажува колку БДП би пораснал или опаднал доколку растел или паднел со иста стапка како во последните три месеци во секој квартал пред една година, во последните три месеци од минатата година изнесувала 0,6 отсто.

Во летниот квартал, ануализираната стапка покажа пад на активноста од 1,0 отсто.

Потрошувачката на домаќинствата благо закрепна кон крајот на минатата година и се зголеми за 0,5 отсто во однос на претходниот квартал кога стагнираше.

Извозот, пак, забележително забави, со стапка на раст од 1,5 отсто во однос на летниот квартал кога порасна за 2,4 отсто.

Личната потрошувачка закрепна кон крајот на годината, и покрај зајакнувањето на инфлацијата, откако Владата ги олесни мерките за сузбивање на Ковид, охрабрувајќи ги граѓаните да ја зголемат потрошувачката на заштедите од периодот на пандемијата. и им помогна на домаќинствата со високите цени на енергијата.

Официјалните лица се надеваат дека закрепнувањето на потрошувачката ќе трае доволно долго за да го покрие периодот пред зголемувањето на платите што треба да го ублажи ударот од високите цени на храната и горивата врз буџетот на домаќинствата.