Епл со седиште во Калифорнија предложи прекин на партнерството со Голдман Сакс во бизнисот со кредитни картички и штедни сметки во следните 12 до 15 месеци. Ако Епл и Голдман сакс го прекинат своето партнерство, калифорниската фирма ќе мора да најде нов партнер за својата популарна кредитна картичка Епл Кард и нејзините штедни сметки со високи приноси.

Епл ја нуди својата кредитна картичка и штедна сметка преку апликација на АјФон уредите, но со „банкарскиот бекенд“ управува Голдман Сакс, информира Каматица. Банката, под извршниот директор Дејвид Соломон, ги намали своите амбиции за потрошувачко банкарство поради зголемените трошоци. Претходно оваа година, Голдман Сакс соопшти дека ќе „разгледа стратешки алтернативи“ за својот банкарски бизнис.

Сè уште не е познато дали Епл најде алтернатива за Голдман Сакс.