Се чини дека богатството создадено од ненадејната побарувачка нема да преживее и да продолжи да цвета

Во здравствената индустрија, пандемијата на коронавирусот збогати некои луѓе многу брзо, но со појавата на вакцината, богатството на некои милијардери исчезнува со исто темпо.

Земете Сигене, производител на тестови за корона и Алтеоген, компанија што прави технологија за поткожно вбризгување што се користи за вакцини, се само некои од компаниите чии сопственици се збогатија минатата година.

Неколку месеци подоцна и двајцата ги загубија своите титули бидејќи со забрзувањето на вакцинацијата акциите на нивните компании потонаа за околу 40%.

Слична е состојбата и со производителите на ракавици од Малезија, кои создадоа најмалку пет милијардери до август минатата година, кога побарувачката за ракавици беше на максимум.

И нивните акции паднаа 40 проценти, од вкупното богатство и одзедоа 9 милијарди долари, пишува Блумберг.

И додека креаторите на вакцините само го зголемуваат своето богатство, многу други паднаа нагло. Ова покажува колку може да биде нестабилен пазарот.

– Се чини дека богатството создадено од ненадејната побарувачка нема да преживее и да продолжи да цвета – сметаат експертите.

Секоја од овие акции скокна најмалку 500 проценти во текот на изминатата година, додека Сегене скокна за 919 проценти.

Но, развојот на вакцинацијата стави крај на нивното брзо збогатување.