Потпишување на Национална програма за достоинствена работа 2023-2025

2023-07-04 09:00

Нова Национална програма за достоинствена работа за периодот 2023-2025 година ќе биде потпишана денеска во Скопје од претставници на институции и организации на работници и работодавачи. Документот ќе го потпишат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Маркус Пилграм, директор на Меѓународната организација...

Платите во јавниот сектор утре ќе ги договора работна група од ЕСС

2023-07-04 08:56

Преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор треба да продолжат утре во формат на работна група, откако на вчерашната седница на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за методологијата за пораст на платите, но како што информираа синдикалните претставници има поместување од страна...

Fiat вети дека повеќе нема да произведува „досадни сиви автомобили“

2023-07-03 21:00

Италијанскиот производител на автомобили Fiat го стави својот генерален извршен директор Оливие Франсоа пред камера за нов рекламен спот снимен во живописното гратче Леричи, при што шефот на компанијата објаснува колку „досадната“ сива боја е омилена меѓу разните производители на автомобили. Одбивајќи да ги прифати навиките на француските,...

Вархељ: Инвестициски пакет од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан

2023-07-03 20:00

Европската комисија почна нов финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката за приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра. Како што се наведува во соопштението на Европската...

Зголемен бројот на работници во индустријата

2023-07-03 19:00

Бројот на работниците во индустријата во мај годинава е зголемен за 0,8 отсто во однос на мај лани, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи...

Песков: Нема многу надеж дека договорот за жито ќе биде продолжен

2023-07-03 18:00

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „нема многу надеж“ оти договорот за жито во Црното Море ќе биде продолжен, пренесува „Ројтерс“. Договорот за жито, кој под Русија ја гарантира безбедноста на бродовите со жито што одат до и од украинските пристаништа преку водите...

Од полноќ дизелот поевтинува за еден денар

2023-07-03 17:00

Од полноќ за еден денар поевтинува дизелот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 70 денари за литар, Еуросупер БС-95 по цена од 80 денари за литар,...

ЕУ размислува да дозволи создавање Руска земјоделска банка за извозот на жито

2023-07-03 15:00

Европската унија го разгледува рускиот предлог да дозволи создавање подружница на Руската земјоделска банка за да го олесни продолжувањето на договорот што и овозможува на Украина да извезува жито преку нејзините пристаништа на Црното Море, објави Фајненшл тајмс. Претходно, Москва се закани дека нема...

Доларот благо зајакна, цената на нафтата порасна!

2023-07-03 14:00

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,94 поени, додека во петокот навечер беше 102,90 поени....

Шефот на германската стопанска комора: Во рецесија сме, компаниите се иселуваат

2023-07-03 13:00

Германската економија повторно се спушти на нивоа на пандемијата и во моментов нема знаци на системско закрепнување, предупреди Индустриската и трговската комора (ДИХК). „Германија е во рецесија. Ние сме една од ретките европски земји чија економија повторно падна под нивото што го забележавме пред...