Објавен е јавен повик за поддршка на развојот на земјоделските задруги. За инвестиции во примарното производство, субвенцијата е до 700.000, а за преработка на земјоделски производи до 1,5 милиони денари по корисник. Крајниот рок за доставување на барањата е 16 јуни 2023 година…
Право на учество на јавниот повик имаат земјоделските задруги кои се запишани во регистарот во Министерството за земјоделство.
Висината на финансиската поддршка за инвестиции во примарното производство е најмногу до 700.000, а за инвестиции за преработка на земјоделски производи до 1,5 милиони денари по корисник.
Субвенциите можат да се побараат за набавка на трактори, опрема и приклучна механизација, системи за наводнување, опрема за производство на енергија од обновливи извори, за дронови и софтвери, мрежи или фолии, за набавка на повеќегодишни култури како и за модернизација на објектите. Доделувањето на неповратна финансиска поддршка се врши со бодување.
Средствата се добиваат со склучување на договор од страна на министерот за земјоделство со секој корисник поединечно. По исплатата на парите, земјоделците треба да ги реализираат активностите во согласност со роковите утврдени во деловните планови.
Набавената опрема станува имот на задругата и не може да се отуѓува за период од пет години од денот на склучување на договорот.
Барањето се доставуваат по пошта или директно во Министерство за земјоделство до 16 јуни 2023 година.