Јавната администрација и натаму се полни. Стартот на новата година почна со вработувања кадри, како на централно, така и на локално ниво.  Центарот за управување со кризи бара 50 извршители, министерството за финании 40,  Фондот за пензиско 15 тина. Потреба од нови лица има и Министерството за економија, образование, но и општина Тетово, Чаир, комуналните претпријатија, судскиот совет, училиштата. Платите кои се нудат зависат од позицијата, има и такви кои нудат плата под минималната, односно нешто 13 илјади денари, па се до 39.000 денари.  

И покрај сите критики и забелешки од меѓународните инститиции, но и Европската Комисија дека администрацијата е гломазна, а неефикасна, вицепремиерот Груби вели – ќе примаме нови кадри, се додека има потреба.

Има огромни потреби и недостигања во државната управа. Институциите кубурат од недостиг на луѓе зашто заминуваат во приватниот сектор или избираат други опции за нивната кариера. Има потреба, има буџетски средства и не се работи за нови вработувања, сите тие се или поради пензионирања или заминувања. Министерството за финансии има законски пречки да даде други согласности ако не се пензионирани случаи или коишто заминале, изјави Артан Груби, вицепремиер

Некаде има реална потреба од вработувања, но во поголемиот дел станува збор за партиски кадри кои мора да се вдомат, коментираат експертите. Се уште нема анализа која ќе ја покаже потребата од кадар, ниту пак нов закон за администрација.

Ставката во буџетот за плати на администрацијата од година во година е се повисока. За оваа издвоени се 531 милион евра или 17 милиони евра повеќе од претходната. Пред само 10 години, однсно во 2012 сумата изнесуваше 380 милиони евра. И новиот мандатар  Ковачевски  во својата програма највува реферма во администрацијата, ветување на секој премиер.

„Ќе ја реорганизираме, ќе ја реконфигурираме и ќе воведеме дополнителни форми за поефикасно работење на државната и јавна администрација на сите нивоа“, се вели во програмата.