Автомобилите на Volvo во Европа наскоро ќе можат да се предупредат едни со други за потенцијалните опасности. Користејќи ја технологијата базирана на облак (cloud based technology), автомобилите ќе можат да споделуваат информации за опасностите како лизгави патишта. Системот за предупредување за опасност на Volvo и системот за предупредување за лизгање на патиштата за првпат беа претставени во Шведска и Норвешка пред три години и ќе се прошират низ цела Европа од оваа недела. Ова е најновиот безбедносен потег на шведскиот производител на автомобили, кој неодамна ги објави плановите за ограничување на најголемите брзини на автомобилите и за инсталирање на камери за следење на пијани возачи.