Цените на суровата нафта на меѓународните пазари се стабилизираа во близина на 66 долари благодарение на податоците за снажниот кинески увоз, кој беше закочен под притисокот на силниот долар и шпекулации за можното зголемување на американското производството.
На лондонскиот пазар цената на нафтата незначително се намали во однос на претходното затворање на 65,44 долари. На американскиот пазар се тргуваше со речиси непроменета цена во споредба со претходното затворање од 58,86 долари.
“Благото намалување на производството на САД во последниве неколку недели, секако, не го оправдува зголемувањето на цените за 30 до 40 проценти” од јануари, изјави Hans van Cleef од холандската ABN AMRO.
Пазарите се стабилизираа после податоците за побарувачката во Азија. Кина во април увезила 30.290.000 тони сурова нафта, 13,0 проценти повеќе во однос на претходниот месец.
Дополнителна поддршка цената на нафтата доби од растот на финансиските пазари по изборната победа на конзервативците на парламентарните избори во Велика Британија.