ПОРТ МОРЕБИ (Ројтерс) – Кинески официјален претставник денес изјави дека лидерите од Азија и Пацификот не можат да го издадат традиционалното коминике на крајот од регионалниот форум на АПЕК, што се одржа во Папуа Нова Гвинеја (ПНГ).

Наместо тоа, ПНГ ќе издаде “изјава на претседавачот”, рече Џанг Шаоганг, генерален директор на меѓународниот оддел на Кина во Министерството за трговија.

Конфликтните визии за регионот го отежнуваат изготвувањето на коминике за самитот, рече министерот за надворешни работи на ПНГ, Римин Пато, денес за Ројтерс, додека САД и Кина откриваат конкурентски амбиции за регионот.