Американскиот претседател Џо Бајден ги запре правните постапки против TikTok и WeChat.

Според Би-Би-Си, Доналд Трамп сметал дека двете апликации се закана за националната безбедност, па се обиде да ги забрани. Кинеските компании веднаш презедоа правни мерки против можните забрани, а новата администрација ќе преиспита дали апликациите претставуваат закана.

Ова е добра вест за TikTok и WeChat бидејќи тоа значи дека тие ќе можат нормално да работат во Соединетите Американски Држави (САД) додека, како што е наведено во правните документи, новиот персонал ќе биде „запознаен со проблемите во овој случај “.

Дури милијарда луѓе во светот користат WeChat, но само два проценти од нив потекнуваат од САД, додека ТикТок е далеку попопуларен и има околу 100 милиони американски корисници.

Сопственикот на апликацијата ByteDance веќе беше во процес на склучување договор со Oracle и Walmart, според кој американскиот огранок на TikTok ќе се претвори во независен субјект со цел да се избегне можна забрана. Но, како што стојат работите засега, зделката може да се откаже доколку администрацијата на Бајден покаже поблаг пристап кон кинеските апликации.