Дури и да дојде до промена на акционерската структура во некои банки НБРМ води сметка новите акционери да бидат барем на истото ниво на квалиет, како и претходниот, ова го истакна гувернерот на НБРМ Димитар Богов во врска со најавата дека француската групација „Сосиете женерал“ ќе ја продава Охридска банка во Македонија.Тој исто така додаде дека банкарскиот сектор е стабилен, сигурен и довербата е на високо ниво.

Одговорајќи на новинарско прашање гувернерот истакна дека не би ја коментирал таа информација оти станува збор за пазарно чувствителна информација и доколку има такво нешто групацијата да го комуницира со јавноста.

Според него тоа не би требало да загрижува.

Во ваква ситуација НБРМ го има последниот збор и од аспект на тоа кој би бил купувачот на банката.

Француската групација „Сосиете женерал“, како што објави бугарскиот весник „Капитал“, се повлекува од нестратегиските пазари во Источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија,  каде како компанија не е меѓу топ трите банки според пазарниот удел.

Во рамки на ова се продава банката во Бугарија во пакет со уште пет подружници на француската групација во Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Молдавија