Во првите шест месеци од 2026 година, поединци и бизниси во Албанија извршиле 33,7 милиони плаќања преку банкарски канали, што е зголемување од 21 процент во споредба со истиот период од претходната година, објави Централната банка на Албанија.

Вкупната вредност на трансакциите достигнала 4,2 трилиони албански леки (околу 45,5 милијарди евра), што е зголемување од 20 проценти во споредба со првите шест месеци од 2025 година.

Плаќањата со картички продолжуваат да претставуваат најголем дел од банкарските операции во Албанија, со околу 68 проценти од вкупниот број.

Во изминатите две години, плаќањата со картички на ПОС терминали доминираа во трансакциите со картички, кои веќе го надминаа бројот на подигнувања готовина од банкомати.

Во првите шест месеци од годината, вкупно околу 16 милиони плаќања се регистрирани на ПОС терминали во Албанија, а бројот на плаќања со картички за првата половина од годината се зголеми за 28 проценти во споредба со истиот период од минатата година.

Според податоците од Банката на Албанија, во средината на 2026 година бројот на активни картички достигна 1,69 милиони, што е за 7 проценти повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Податоците од Банката на Албанија покажуваат дека вкупниот број на банкарски сметки во земјата на крајот од минатата година достигнал 4,16 милиони, што е зголемување од 20,6 проценти во споредба со пртеходната година. Во текот на изминатата година, бројот на банкарски сметки се зголемил за над 710 илјади.