Судoт  во Британија вчера го отфрли обвинението против банката Barclays, поднесено од страна на полициското одделение за сериозни измами, во врска со зделката што Барклиз ја потпиша со Катар во 2008 година.

Британската банка тогаш му позајми три милијарди долари на Катар, а Катар подоцна ги вложи парите назад во Barclays , со што и помогна на банката да ги исполни условите за ликвидност и да избегне интервенција на британската Влада – како што им се случи на банките Лојдз и Кралската банка на Шкотска. Праксата да се даваат заеми во замена за инвестиција во самата банка е забранета во Британија и се смета за прекршок на банкарските правила.

Покрај банката, четири тогашни директори на Barclays се лично обвинети дека извршиле измама во истата зделка