The Euro Symbol in front of the European Central Bank in Frankfurt, GermanyЕвропската централна банка ги советува банките во еврозоната да бидат “конзервативни” и оваа година да се воздржуваат од исплата на дивиденда, со цел да ги зајакнат своите финансии.

“Банките треба да бидат конзервативни во донесувањето на одлуки за дивиденда, како би можеле во целост да го обезбедат потребниот капитал и да се подготват за потребните стандарди во однос на капиталот кои се бараат од нив”, изјави претседателот на надзорниот одбор на ЕЦБ Даниел Нуи.

Банките кои не ги пребродиле последните стрес тестови и оние кои на крајот на 2014 година немале доволно капитал, директно им е препорачано дека не треба да исплаќаат дивиденди.

Овие совети се однесуваат за 13 банки во монетарната унија, додава Европската централна банка, до сите големи европски банки доставени се одделни специфични препораки , барајќи од националните централни банки да го направат истото и до помалите банки.