Клучните банки доверители го отфрлија планот за стабилизирање на работењето на компанијата „Вартекс“, што значи дека таа може да банкротира.  Новиот директор Карло Копрек, ја откри оваа информација за Форбс, наведувајќи дека добиле одбивање од загребачка банка и Хрватската банка за обнова и развој, пренесува Даница.хр.

Дури и Заба беше поподготвен да го прифати, но ХБОР не била. Тој предупредува дека одбивањето ги става во тешка ситуација бидејќи доколку ХБОР не се премисли, тоа значи неизбежен крај на „Вартекс“, компанија со вековна традиција која вработува близу 600 луѓе.

На почетокот на неделата, претставници на „Вартекс“ одржаа средба со претставници на Заба и ХБОР, на кои им презентираа анализа на моменталната состојба на компанијата и план за стабилизација. Тие испратија и официјална понуда до банките за подмирување на долгот. Доколку го прифателе, Копрек изјавил за Форбс дека тоа ќе и овозможило на компанијата да добие прилив на свежи пари од докапитализација и нови заеми.