Банките кои работат во Србија нема да можат да им исплатат дивиденда на своите акционери ниту оваа година, бидејќи важноста на Договорот склучен од НБС и комерцијалните банки минатата година  е продолжена со цел да се зачува стабилноста на финансискиот систем во пандемијата, објасни централната банка.

Овој договор, како што јави Танјуг, меѓу другото, предвидува дека деловните банки нема да распределуваат профит за исплата на дивиденда на нивните акционери за време на неговата важност и во услови на вонредна здравствена состојба.

Сепак, белградска Комерцијална банка, чии акции се тргуваат на белградската берза, минатата година исплати дивиденда, што беше составен дел од договорот за приватизација, посттигнат меѓу државата и новиот мнозински сопственик НЛБ.

Минатата година Комерцијална банка – Белград им исплати на акционерите дивиденда за 2019 година, како и одобрена, но не исплатена дивиденда од претходните години, во вкупен износ од повеќе од 104 милиони еврa.