Народната Банка вчера ја објави Месечната информација за најновите макроекономски показатели за месец септември 2019 година
Меѓу другото едни од најважните податоци се следните:
Согласно со објавените проценети податоци за БДП, домашната економска активност продолжи да расте и во вториот квартал на оваа година, со реална стапка на годишен раст од 3,1%. Податоците за јули за индустриското производство и прометот во трговијата засега упатуваат на продолжување на поволните движења во економијата и во третиот квартал. 
– Остварената годишна стапка на инфлација во август оваа година изнесува 0,8% и е пониска од очекуваната, додека во просек во првите осум месеци од годината просечната годишна инфлација изнесува 1,1%. 
– Девизните резерви се во сигурната зона и бележат натамошен раст, при интервенции на Народната банка со откуп на девизи. 
– Растот на вкупните депозити и вкупните кредити на годишна основа продолжи и во јули.
– Последните оцени упатуваат на понеповолни изгледи за глобалната економија, за оваа и следната година. 
Месечната информација е достапна на:  Следниот линк