Од аспект на неопределеноста во земјата во смисла на глобалната енергетска криза, почетната спирала на инфлација, евроинтеграциите, ретко кога резултати од локални избори предизвикуваат потреси на централно ниво, ја коментира оставката на премиерот Зоран Заев академикот Абдулменаф Беџети, ректор на Штуловиот универзитет.

Најважна работа што ја има Собранието е донесувањето на буџетот на државата. Сегашниот буџет е планиран и предложен пред локалните избори, а сега имаме влада која влева несихурност. Како овој буџет од 4,4 милијарди и предвидена инфлација од 6,4 отсто ќе ги покрие потребите?

-Буџетот треба да се достави најдоцна до 15 октомври. Тоа нема врска со изборите. Така е според фискалниот календар, сеедно кој како ќе го толкува тоа. И по првиот круг имаше сигнали како ќе помине на локалните избори владејачката СДСМ. Овој буџет е планиран според петгодишни планови за финансиско консолидирање и развој. Сега за првпат имаме развоен буџет, вели Беџети за Утрински брифинг.

Тој додава дека неодамна е направено репрограмирање на долговите на државата, со што е направена голема заштеда. Во однос на проекцијата на буџетот, Беџети вели дека тие се базирани на реални податоци.