Министерот за економија, Крешник Бектеши за ТВ24 вели дека Владата ги разгледува сите опции за решавање на проблемот со греењето, меѓу кои и привремено раководење со компаниите кои ги снабдуваат граѓаните со парно, потоа директни субвенции, а во игра е и национализација на топлинските компании.