Министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за економија потврди дека мерката за финансиска помош за домаќинствата во периодот на инглација и енергетска криза ќе биде таргетирана и ќе се однесува само за најранливите категории на граѓани.

„Што се однесува до директната финансиска поддршка кон домаќинствата, Министерството за финансии во соработка со Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за економија, работат на дизајнирање на такви мерки. Тие мерки треба да бидат таргетирани, да одат таму каде што има потреба, за тие граѓани, за тие домаќинства, кои навистина имаат потреба и имаат ниски приходи во нивните домаќинства и да не бидат распределени за сите потрошувачи зошто некои имаат поголеми приходи и тие можат да ги плаќаат сметките и поскапувањата на електричната енергија и парното, рече Бектеши.

Министерот додаде дека во таа насока е и воведувањето на блок-тарифите за плаќање на сметките за електрична енергија кои стапија на сила од 1 јули.