За прв пат ТЕЦ Неготино оваа сезона ќе работи со два котли и произведува електрична енергија од 170 мегават часови.

„Во делот на регулираниот пазар и домаќинствата, малите потрошувачи и секако правиме напори и за слободниот пазар, цела зимска сезона ќе бидат снабдувани со електрична енергија од домашни капацитети. Ние не зависиме од другите држани, ние сами се подготвувавме за се да покриеме од домашно производство за да немаме зголемување на цените, и да не зависиме од тоа што се случува во регионот“, изјави Министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој рече дека со напорна работа во изминатиот период денеска сите скопјани имаат парно греење, а нема ниту рестрикции во струјата.

„Тоа така ќе биде до крајот на грејната сезона. Ние ги вклучивме сите капацитети, а сите предлози се добредојдени и сите кои се во корист на граѓаните ќе бидат прифатени со цел најевтино да ја поминеме оваа зимска сезона во однос на топлинска и енергетска криза“, додаде Бектеши.