Бектеши во Брисел, ќе се обрати на првиот билатерален состанок од Кластер 2 за внатрешен пазар

2023-01-23 16:00

Како што информира Министерството за економија, билтералниот состанок што ќе се одржи денеска се однесува за Поглaвјето 3 – „Право на основање и слобода на давање на услуги“, за кое координатор е Министерството за економија.

Во овој клстер, како што се наведува, се и Поглавјата – „Слободно движење на стоки“, „Интелектуална сопственост“, „Заштита на конкуренција“.

Во рамки на посетата, како што е најавено, министерот Бектеши ќе оствари средба со еврокомесарката за енергетика на Европската Унија Кадри Симсон.