Бектеши обвинува за скопски пекарски картел, во неделното интервју за радиото Слободна Европа, Министерот за Економија вели дека во градот Скопје во делот на производство на леб, четири, максимум пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб по големите супермаркети.

Тој повторно ја повикува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го испита случајот.