Белорусија бара алтернативи за руската нафта и преговара за испорака со Соединетите држави, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Ова го изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко, јавува новинската агенција „Белта“.

Новинската агенција Интерфакс, од друга страна, објави денеска дека Лукашенко предложил да се одржи нова рунда разговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на спорот за снабдување со нафта.

Поточно, Белорусија и Русија не успеаја да постигнат договор за снабдување со нафта за оваа година, што предизвика Русија да ги прекине испораките на белоруските рафинерии, иако делумно ги обнови на 4 јануари.

Спорот „Ројтерс“, бил дополнет со поширок геополитички конфликт меѓу Москва и Минск во кој Лукашенко го обвини Кремлин дека се обидува да ја присили Белорусија да влезе во унија со Русија, за која рече дека тоа ќе означи крај на неговата политичка кариера.

„Јас нема да бидам последниот претседател на Белорусија“, рече денес Лукашенко, додавајќи дека разговарал за испорака на нафта со Соединетите држави, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, пренесе „Белта“.

„Имам прекрасна врска со нив. Тие велат – ние ќе испорачаме онолку колку што ви треба. Се разбира, тоа е по светска цена. Но, квалитетот на нафтата е подобар “, рече белорускиот претседател.

Русија ја гледа Белорусија како тампон зона меѓу неа и западот и го поддржа Лукашенко во текот на изминатите 25 години со заеми и енергетски субвенции, пренесува британската агенција, истакнувајќи дека помошта, сепак, започнала да опаѓа минатата година.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео треба да ја посети Белорусија следната недела, што ќе биде прва посета на еден висок американски службеник на таа земја во повеќе од две децении, се додава информацијата.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк