Со новата Одлука е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,18%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 03.06.2019 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалени за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.06.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалени за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.06.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е намалена за 1,267 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.06.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,851 ден/кг.