Корпорацијата со седиште во Омаха соопшти дека откупила околу 9 милијарди акции во кварталот, поставувајќи нов рекорд во овој поглед.

Американската корпорација „Беркшир Хатавеј инк“ објави помал од очекуваниот оперативен профит во третиот квартал поради штета од пандемијата на коронавирусот на делови од нејзиниот бизнис, додека цените на акциите како „Епл инк“ ја поддржаа кварталната нето добивка на компанијата, објави Ројтерс

Беркшир рече дека оперативната добивка се намалила за 32% на 5,48 милијарди долари од 8,07 милијарди долари една година порано.

Нето профитот на Ворен Бафет се зголеми за 82% на 30,14 милијарди долари или 18,9 $ по акција од Класа А, од 16,52 милијарди долари или 10,1 $ по акција, од пред една година.

Корпорацијата со седиште во Омаха, во Небраска соопшти дека откупила околу 9 милијарди долари во акции во текот на кварталот, поставувајќи нов рекорд. За цела година, откупените акции на Беркшир достигнаа вредност од 16 милијарди долари.

Вкупните приходи на компанијата за третиот квартал достигнаа 63 милијарди долари во споредба со 64,9 милијарди долари во истиот квартал од 2019 година.

Вкупно за првите девет месеци од 2020 година, приходите достигнаа 181,1 милијарди долари во споредба со 189,2 милијарди долари пред една година.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк