Берзанската цена на гасот во Европа во текот на претпладневното тргување во четвртокот порасна за 35 отсто и надмина 1.400 американски долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците од лондонската берза ICE.
Цената на мартовските фјучрс на референтниот јазол TTF во Холандија порасна на 1.414,5 долари за илјади кубни метри гас, односно на 120 евра по мегаватчас.
Во 8,30 часот растот на цената забави на 27,9 отсто и изнесување 1.317 долари за илјада кубни метри, односно 113,68 долари за мегаватчас.
Официјалниот претставник на рускиот енергетски гигант „Газпром“, Сергеј Купријанов, потврди во четвртокот за агенцијата ТАСС продолжување на транзитот на гасот низ Украина за потрошувачите во Европа.
„Газпром транспортира гас преку Украина во редовен режим во согласност со барањата на потрошувачите од Европа, кој денеска изнесуваат 83 милиони кубни метри“, изјави Купријанов и додава дека тоа е зголемување во однос на средата за 31,4 отсто.
Цените пораснаа по утронскиот почеток на специјалната воена операција на руските војски во Украина. Ден претходно американскиот претседател Џо Бајден ѝ нареди на својата администрација да воведе санкции за учесниците во проектот на руско-германскиот гасовод Северен тек 2, вклучително и за компанијата оператор „Nord Stream 2“ и нејзините челници, како одговор на активностите на Русија во врска со кризата во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин на 21-ви февруари објави дека Руската Федерација ја признава независноста на самопрогласените проруски источни региони на Украина во Донецк и Луганск. Притоа Москва потпиша договори за пријателство, соработка и заемна помош.