Со цел реализирање на четвртиот сет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, Владата донесе одлука Министерството за економија да префрли 60.000.000 денари од програма П1-Мерки за справување со КОВИД-19 кризата на посебна сметка на Развојната банка на Македонија АД Скопје во Народна банка, како буџетски придонес за реализација на мерката бескаматни кредити со 30 отсто грант компонента за микро и мали претпријатија (ММП) преку Развојната банка.

– Преку оваа мерка ќе се воведе нова бескаматна кредитна линија која ќе биде лансирана со грант средства од Европската унија. Кредитната линија ќе биде отворена за сите микро и мали компании, а истата ќе понуди 30 отсто грант за компаниите кои се водени или основани од жена, кои вработуваат млади лица, кои се извозно ориентирани или кои ќе воведат иновации, дигитализација и е-трговија во нивното работење, се додава во соопштението.