Според процената на Здружениет „Заштитник на претприемачите и стопанствениците“, секој четврти вработен во приватниот сектор останал без работа во текот на пандемијата. 

Синдикатите предупредуваат дека помеѓу српските работодавачи постојат и такви кои ја користат кризата за да се ослободат од вишокот на работници или на другите вработени да им ја намалат платата.

Од ова здружение потсетуваат дека до податоците за бројот на оние кои останале без работа дошле на основ на интереното истражување кое е потпрено на анализата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), според која поради неадекватните и неселективните мерки во Србија или се загрозени или се згаснати 510,000 работни места.

„Според извештајот на ЕБРД ‘Ковид – 19 и вработувањето’ 14,8 % од работното време на стопанствениците има останало неупотребено со мерките кои се донесени од страна на државата. Тоа е еквивалентно на износот за некои 510,000 работни места на полно работно време. Ние сепак не можеме да напривиме исправна анализа за тоа дали тие работни места се само загрозени или укинати во текот на пандемијата, бидејќи Владата вовела нова методологија за утврдување на вработеноста според која вработен е секој оној којшто во текот на неделата работи најмалку еден час и за тоа добива некоја сума на пари“, потсетува Предраг Митровиќ, претседател на здружението.

Тој додава дека важна улога во анализата играат и огромниот број на оние кои работат на црно кои не се пријавени никаде или пак работат за минималец. „ Тоа е она што државата не го решева, а мора што побрзо да го реши“, додава Митровиќ.

Одбиле помош за да можат да отпуштаат

Од ова здружение потсетуваат дека многу работодавачи не се согласиле со последната државна помош од половина минималец, бидејќи биле условени во наредниот период да не смеат да отпуштат ниту еден вработен.

„Откако мерките се релаксирани, проблемите не се решени. Имаме голем број на работодавачи и претприемачи на кои сите обврски им стигнуваат за наплата, а се заборава дека тие во претходниот период не работеле, ниту оствариле приходи со кои би ги подмириле обврските“, потсетува Митровиќ.

Тој додава дека затоа во повеќе наврати барале отпис на долговите за даноците и придонесите, а не репрограмирање на тие долгови, бидејќи многумина немаат како да ги вратат бидејќи немале економска активност, каква што очекувале.

Претставниците на синдиктите сметаат дека државата недоволно води сметка за расфарлувањето на парите во ек на криза.

„Можеби би требало да се престане со некои вложувања и тие пари да се пренасочат на чување на она што е влошено во српската економија. Сепак, постојат и работодавачи кои не се во проблеми поради коронавирусот, а кризата ја користат за да се ослободат од работници или да ги намалат нивните плати“, наведе претседателката на Асоцијацијата на слободни и независни синдикати Ранка Савиќ.

Таа нагласува дека АСНС во околу 50 % од случите спречил анексирање на колективните договори каде работодавачите се обиделе да ја намалат вредноста на бодовите за пресметка на платите, правдајќи го таквиот потег со кризата од пандемијата.