Дури и ако Германија успее да наполни 95 отсто од подземните складишта до ноември, во случај на целосен прекин, снабдувањето со тој гас од Русија ќе биде доволно само за 2-2,5 месеци, изјави претседателот на Федералната мрежна агенција од Германија, Клаус Милер.

Тој објасни дека во моментов Германија складира залихи со забрзано темпо, се подготвува за зимата, но тоа не е причина за опуштање.

Веќе во октомври, според него, магацините треба да бидат полни 85 проценти во случај на неочекувано студена есен.

Таа задача, нагласи тој, нема да биде толку тешка за исполнување како што е случајот со 95 проценти пополнување во ноември, пренесува Спутник.

„Не можам да ветам дека сите складишта на гас во Германија ќе бидат полни 95 отсто во ноември, дури и ако испораките се стабилни. Во најдобар случај, три четвртини од складиштето за гас може целосно да се наполни“, оцени Милер.

Во моментов околу 20 отсто од гасот се испорачува на „Северен поток“.

Поради страв од целосен прекин во снабдувањето, Федералната мрежна агенција работи на приоритетно купување гас за одредено производство, критично важно за германската економија.

Претходно, првиот заменик-претседател на Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата Русија, Владимир Јабаров изјави дека Германија би можела да донесе одлука за стартување на гасоводот Северен тек 2 до крајот на оваа година, доколку се соочи со тешки последици на енергетската криза.

Европа сѐ уште е под притисок поради проблемите со испораката на гас од Русија. Извозот на руски гас падна по почетокот на воената операција во Украина.

Значително се намалени испораките преку „Северен тек 1“ и украинскиот гасоводен систем, а преку гасоводот „Јамал-Европа“ целосно се стопирани.