Според индексот Биг Мек, кој е создаден од британскиот магазин Економист, најпотценета валута во светот е венецуелскиот боливар 86 проценти, додека преценети се швајцарскиот франк 42,4 проценти и норвешката круна 17,9 проценти.
Економист како единица мерка ја зема цената на хамбургерот “Биг Мек” во ресторани за брза храна Мекдоналдс во целиот свет и го објавува “Биг Мек Индексот”, врз основа на кои може да се претпостави која валута е преценета, а која се потценува.
Рубљата е 60,7 проценти потценета, бидејќи како што пресметуваат експертите на списанието, доларот треба да вреди 22,34 рубљи, наместо 56,82 рубљи, во времето на пресметка на индексот.
Во слична ситуација како рубљата се и валутите на земјите на БРИКС Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Според пресметките на експертите, индиската рупија треба да вреди 61,7 проценти повеќе, јужно афричкиот ранд 56,3 проценти, кинескиот јуан 42,8 проценти и бразилскиот реал 10,6 проценти. Помалку од нив потценет е израелскиот шекел 3,3 проценти, а најмногу од сите валути потценет е венецуелскиот боливар 86 проценти.
Индексот Биг Мек е доста популарен, но сепак е неформален начин на утврдување на паритетот на куповната моќ на светските валути.
Во основа, самата теоријата на паритетот на куповната моќ се обидува да изедначи во вредност одредена потрошувачката кошница во различни земји. Авторите на индексот за негова пресметка го користат хамбургерот на Мекдоналдс, бидејќи се прави од стандардни, но исто така и различни состојки и се нуди во многу земји.
Во САД, цената на Биг Мек е 4,79 $, во Русија 1,88 $, односно 107 рубљи. Ова им овозможува на експертите од Економист да заклучат дека рубљата е потценета, бидејќи за истиот износ на долари во Русија може да се купи повеќе “Биг Мек” отколку во Америка.
“Индексот Биг Мек се појави во 1986 година, а во 1967 година сендвичот постигна планетарна популарност, бидејќи имаше малку меѓународни истражувања”, објаснува професорот по финансии на Колеџот за економија Александар Абрамов и додаде дека тоа сега пред се е повод за размислување на темата за паритет на валути, отколку сигурен инструмент за споредба.
“Сепак, индексот Биг Мек, и покрај сите методолошки слабости, не е далеку од резултатите од Меѓународниот монетарен фонд ММФ”, рече професорот, додавајќи дека буџетите на меѓународните статистички органи за широк спектар на производи за широка потрошувачка покажуваат дека сегашната вредност на рубљата е потценета.
Ако ја следиме логиката на ММФ, девизниот курс на доларот во паритет на куповната моќ во просек за 2014 година би требало да вреди 19,91 рубљи. Во 2016 година, овој показател треба да биде 24,95 рубљи, додека на пазарот курсот е 62,97 рубљи.
Но спрема верзијата на ММФ, јазот меѓу фундаментално базираниот и реалниот курс на рубљата ќе се намалува.
Во 2020 година, вредноста на доларот по паритетот на куповната моќ ќе биде 27,5 рубли, додека пазарниот курс на американската валута ќе падне на 52,6 рубли.