инистерот за надворешна трговија и економски односи Сташа Кошарац изјави дека е договорен извозот на говедско месо од Босна и Херцеговина во Турција, објави Кликс.ба.

„Годинава е договорено на турскиот пазар да се извезат вкупно 1.000 тони говедско месо. Извозот на договорените количини ќе се реализира етапно, а првиот контингент во Турција ќе започне од понеделник“, рече Кошарац.

Тој нагласи дека на компаниите од Босна и Херцеговина им е дозволено да извезуваат на турскиот пазар врз основа на Договорот за слободна трговија меѓу Босна и Херцеговина и Турција.

„Продолжувањето на извозот на говедско месо оваа година потврдува дека има разбирање од турската страна за потребите на нашите извозно ориентирани компании и дека имаме стабилни и добри односи со Турција кога е во прашање надворешната трговија“, рече Кошарац.

Според него, ова е доказ дека компаниите од Босна и Херцеговина се способни да ги исполнат стандардите за пласирање на домашните производи на турскиот пазар.