Овогодинешното издание на Мажи на годината оваа година, поради предизвиците со коронавирусот и пандемијата која го зафати целиот свет, се одржа во едно комплетно различно руво од досегашното.

Оваа година настанот се емитуваше на МРТ1 и беше во формат на ТВ шоу, каде почитувајќи ги сите протоколи за заштита од медицинските власти беа доделени наградите на 13 најуспешни Мажи во Македонија за 2020 година.

Генералниот директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши беше избран за Маж странец на годината во Македонија за 2020 година.

МАЖИ НА ГОДИНАТА е настан кој се организира со цел да ги обедини и поврзе на едно место најуспешните мажи во Македонија, да ги промовира добрите навики и успеси кои ќе бидат вистински мотив за секој од нас. Овој настан има за цел да го подигнат
квалитетот на животот и личниот развој кај секој од нас, истовремено оставајќи позитивна слика во јавноста.

Потребата од ваков настан е само едно убаво освежување во медиумскиот простор и организаторите искрено веруваат дека ќе успееат да внесеат една нова енергија, која во оваа година ни е повеќе од потребна.