На вчерашното Собрание на Ракометната федерација на Македонија, покрај изборот за претседател, беше конституиран и новиот УО, објави 24Ракомет.

Во Управниот Одбор на РФМ нови членови се Билал Суџубаши од Халк Банка, потоа Мирјета Бајрамоска, Александар Стефанов од Фабрика Карпош, Драги Семенпеев од Печатаница Софија, Никола Наумов од Градба Промет.

Дополнително со свои функции членуваат Кочо Анѓушев, Татјана Стерјева, Павле Ламбро, Гордана Нацева, Дарко Алексов, Ѓорѓе Војновиќ, Оливер Лазаревски, Марјан Герасимов, Георги Тренкоски и други.

Покрај тоа што Д-р Билал Суџубаши ќе биде дел од УО на РФМ, неговата Халкбанк АД Скопје воедно е и спонзор на Македонската ракометна репрезентација.

Прва задача на Управниот Одбор ќе биде решавањето дали следната сезона во Суперлигата ќе се игра според претходно утврдениот систем (да испаднат шест екипи и догодина да има 12 во елитното друштво) или да се прифати иницијатива лигата и догодина да брои 16 клубови како оваа сезона.