Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниеден случај нема да дојде до поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, може да дојде само до намалување, истакна првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.
Дали ќе има субвенции или ќе нема, во текот на јуни ќе ја донесеме одлуката. Можевме и сега да носиме популистички одлуки кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме за потрошувачите кои во енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани, да им се помогне, пред сè, ним“, изјави Бислимоски за медиумите.
По реакциите дека воведувањето двесте денари давачка за мрежарина било неуставно, Бислимовски нагласи дека нејзиното укинување би ги зголемило цените на електричната енергија за првиот блок за 9,3 %, односно за евтината тарифа 14,54 проценти.