Стравот и несигурноста која го опфати пазарот на крито-валути сеуште го држи бит-коинот и останатите дигитални валути на ниско ниво, без можност за било каква добивка. Според рускиот аналитичар Михаил Машенко, нема да има пораст на вредноста се додека не се смири паниката која е присутна. Ова според него може да потрае неколку недели па дури и месеци. Оние кои би сакале да инвестираат во крипто валути имаат добра прилика да го сторат тоа сега, пред вредноста на валутите да се врати на повисоко ниво – вели Машенко.

Според Николаи Котов, аналитичар на “Аналитика Онлајн”, моменталните цени претставуваат добра можност да се купи Бит-коин. Котов вели дека трендот се повторува и дека лично тој веќе инвестирал во некои дигитални валути. Водечките валути се опоравуваат денеска со засилено темпо па така Бит-коинот порасна за скоро 10% а Етериумот за 8.5 %.