Биткоинот од неодамна престана да биде криптовалутата која најмногу се тргува во светот. Лидерската улога ја презеде “тетер” кој дневно остварува вредност од сите тргувања од речиси 21 милијарди американски долари.

Податоците за активност на тргување ги собра CoinMarketCap заклучно со 27 септември. Според тие податоци, биткоинот дневно достигнува во просек 17,28 милијарди долари вредност, етереум 7,72, а лајткоин 2,55 милијарди долари.

Тетер во моментов најмногу се тргува бидејќи е стабилен и многу лесен за употреба. Неговата популарност е, исто така потпомогната од фактот дека во Кина може да се дојде до тетер без премногу прашања, а потоа лесно се менува за биткоин или други криптовалути.

Во Азија, тргувањето со криптовалути е многу популарно и опфаќа 70 проценти од вкупното светско тргување на дневна основа.