„Подобрувањата и сите чекори кои ги преземаме не носат кон крајната цел – европска Македонија, но очекувањата треба да бидат реални. Креираме можности, но не може да се занемари трендот во цела Европа, па и подалеку, дека луѓето бараат подобри услови за живот на други места“ истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Креирањето на нови работни места, кои се поврзани со четвртата индустријализација и кои имаат висока додадена вредност и повисоки плати, е европската Македонија која сакаме да ја видиме. Не можеме да очекуваме дека за еден ден ќе го постигнеме стандардот на Германија или на која било земја членка на ЕУ. Тоа е процес во кој сите заедно сме влегле и ќе го постигнеме. Во нашата земја се подобрува стандардот на живот, но може да дебатираме и дискутираме дали се прави со брзината со која сите би сакале и ја очекуваме, рече Битиќи.

И јас и моите деца, посочи тој, живееме во оваа земја и сме одлучиле дека ќе живееме во оваа зема и дека заедно ќе ја градиме иднината со подобар живот.

„На сите наши граѓани кои одлучиле да отидат во странство им укажувам дека работиме за да го подобриме квалитетот на животот и оти конечно државата е на правиот пат и дека наскоро ги очекувам назад за да придонесат за својата земја со нивните знаења и вештини“ – порача Битиќи.